Грант од 1.220.000 денари за општина Вевчани

Bez autora
Jul 28 2013

Министерството за финансии додели грант од 1.220.000 денари на општина Вевчани за изградба на пристапен пат до новоизграденото училиште “Страшо Пинџур“. Станува збор за средства од Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран од Светска банка. Со изградбата на пристапниот пат до објектот тој ќе се поврзе со асфалтниот пат во општината што ќе овозможи од септември годинава да се пушти во употреба новото училиште во кое ќе учат 250 ученици од прво до девето одделение.

Грант од 1.220.000 денари за општина ВевчаниМинистерството за финансии додели грант од 1.220.000 денари на општина Вевчани за изградба на пристапен пат до новоизграденото училиште “Страшо Пинџур“.

Станува збор за средства од Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран од Светска банка.

Со изградбата на пристапниот пат до објектот тој ќе се поврзе со асфалтниот пат во општината што ќе овозможи од септември годинава да се пушти во употреба новото училиште во кое ќе учат 250 ученици од прво до девето одделение.

Инаку од 2006 досега наставата се одвиваше во општинската зграда во Вевчани, каде просторот не ги задоволуваше критериумите за водење настава. Пред 2006 година наставата во Вевчани се одвиваше во училиште изградено уште во 1945 година, кое поради дотрајаност и статички проблеми итно мораше да се напушти, бидејќи претставуваше опасност за безбедноста на учесниците во наставата.

Вевчани благодарение на Проектот за подобрување на општински услуги, кој се реализира преку Министерството за финансии, оваа учебна година ќе може да го пушти во употреба новото училиште „Страшо Пинџур".

Вкупниот фонд на Проектот за подобрување на општински услуги изнесува 56,1 милиони евра. Тој започна со имплементација во август 2009 година, а ќе трае до ноември 2017 година.

Досега 41 општина изрази интерес за учество во проектот, од кои 28 имаат склучено по еден или повеќе договори за под-заем со Министерството за финансии и имаат започнато со имплементација на своите проекти додека останатите 13 општини се во постапка на подготовка на проектна документација.

Проектот за подобрување на општинските услуги предвидува и доделување на инвестициски грантови за општините кои имаат завршен проект финансиран со под-заем. Грантовите се доделуваат како поттик и награда на општините за успешното спроведување на реформски активности предвидени со проектот, како што е сега случај со општина Вевчани.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik